fbpx
Двор и градина

КАКО СЕ СЕЧЕ ГРАНКА?

kako se seche granka

Дали понекогаш кроиш дрвца? Можеби имаш и поголеми дрва во двор. Ако е така, и ако сакаш да го правиш тоа квалитетно и за доброто на дрвото, сигурно ќе те интересира како исправно се сече гранка. Што? Имало „исправно и прогрешно“? Замисли!.. Дури и во 21.век, кога се игнорираат нормите на секое поле и сè се сведува на релативно (права, слободи), се уште може да ни бидат од корист норми… ако се потрудиме да ги разбереме и примениме во пракса.

3

Во врска со исправно сечење гранки, Алекс Шиго бил еден таков човек, вистинољубив практичар, а не професор кој не излегол никогаш од канцеларија и не фатил алат во рака. Како вистински биолог и фитопатолог (некој кој ги изучува растителните болести), исекол стотици гранки, посебно заболени. Освен тоа, не го затаил она што го заклучил. На тоа продолжуваат да градат и други по него, па и јас. Во Америка е воспоставен стандард (норма) за одржување дрвја во градски средини, ANSI A300. Првиот дел од него е за кроењето.

Пред да објаснам како се сече гранка, неколку збора за тоа како не треба. Каде учиме вака да сечеме гранки? (сликите ќе доаѓаат под описот) Зошто нешто однатре не ни каже дека изгледа многу грдо и дека, по логика, е и штетно по здравјето на дрвцата?

Кога ги сечеме гранките било каде, особено кога така ќе ги исечеме сите главни гранки, ние сме го „скастриле“ дрвото (види поопширно во статијата „Во војна со дрвјата“). Еве визуелен приказ што ќе се случи со листопадно а што со четинарско дрво по ваква лоша интервенција над нив…

Кога гранките се сечат било каде, тогаш избиваат „диви“ прачки (водопии). Тоа е начин на кој дрвото надоместува за изгубените листови. Заклучоците на практичарите: Не е убаво + штетно е.

Кога гранка се сече подалеку од деблото (главното стебло), честопати остатокот одумира и станува влез за бактериски и габични инфекции…

Уште една грешка се фес-резови, кои нема да се затворат со години, прашање и дали воопшто некогаш ќе се затворат. (Друго прашање: Што се случува со човек кој со години има отворена рана?)

Знам дека она со „ампутацијата“ звучи малку одбивно за некого. Освен тоа, сечење гранки на големо дрво е и опасно по живот! Но, затоа ни требаат арбористи. Тие се практичари, не филозофи. Тие се “Tree Surgeons”. Тие се мајстори. Макар и да нема ниеден во Македонија, макар и јас да не сум тоа во нечии (па и ничии) очи, макар и да престанам со работа и со зборување еден ден, сепак вистината ќе остане – ни требаат…

Пракса. Тој збор многу го сакам. Толку ми е поинаков од филозофија и надмудрување. Толку ми е поинаков од школскиот систем. Делата (резултатите) се победата на тие кои бараат вистина и спроведуваат на дело. За среќа, практичарите и реалните луѓе наоѓаат начини да се најдат едни со други во овој свет полн со луѓе кои не ги интересира стварноста. Тие соработуваат и се надградуваат едни со други. Така се доаѓа до вистинско знаење со добри резултати… барем за тие кои ќе решат да ги применат во пракса.

Дејан, градинарот

Тагови

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close