fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

Ова е рекордна добивка на ова државно претпријатие, а најверојатно ќе биде најголема за 2023 во однос на сите останати производни друштва

Јавното претпријатие „Државни патишта“, кое од лани ја организира изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10д со изведувачот „Бехтел и Енка“, на крајот од минатата година оствари добивка од речиси 100 милиони евра.

Ова е рекордна добивка на ова државно претпријатие, а најверојатно ќе биде најголема за 2023 во однос на сите останати производни друштва, банки и компании за услуги во земјата. ЈПДП во 2023 има приходи од точно 12.844.555.965 денари, или поточно 210 милиони евра. Од овие собрани средства, речиси половина останале како профит – 5.906.427.172 денари, или околу 96 милиони евра.

Добивката на „Државни патишта“ е за 40 милиони евра поголема од 2022, кога таа изнесуваше 56 милиони. Во 2021 таа изнесувала околу 24 милиони евра. За 2020 пак претпријатието оствари огромна добивка од околу 76 милиони евра. Од јавното претпријатие досега немало јавен отчет зошто акумулира вака големи добивки и како ги распоредува.

Добриот резултат во билансот се почувстувал и во нето платите. На крајот на 2023 за 362 вработени имало 46.000 денари просечна нето плата, која била зголемена за 6.000 денари за една година. За две години таа е зголемена за 9.000 денари.

Повеќе на /faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close