Kакви биле платите пред 25 години и кои најмногу пораснале?
Во тоа време најпрофитно било да се работи во производството на нафта и нафатени деривати
Во далечната 1996 година просечна нето-плата во државата била 8.817 денари. Во тоа време најпрофитно било да се работи во производството на нафта и нафатени деривати, односно во „Окта“ која се уште не била продадена на „Хеленик петролеум групација“, туку дел од акционерскиот капитал припаѓал на вработените, а дел на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.Тогаш, вработените во производството на нафта и нафтени деривати имале просечна нето-плата од 13.689 денари, или за околу 50 % повеќе од просекот.
Потоа, во најголемите плати влегувале оние од секторот преработка на хемиски производи со просечна плата од 12.669 денари, па од Електростопанството со плата од 11.896 денари. И во тоа време, меѓу најниските плати биле во производството на облека каде што во прсек се земале по 5.890 денари но сепак, овој износ бил поголем во однос на просечната плата и изнесувал 66,8 проценти, за разлика од сегашниот просек во компнаиите што произведуваат облека, каде просечната плата е 18.864 денари, што е 64,7 проценти од сегашниот републички просек. Производителите на храна, пред 25 години, заработувале по 8.450 денари (слично на просечната плата), а производителите на алкохол по 13.147 денари.
Сега пак, производителите на храна заработуваат значително помалку од просекот, дури 20% помалку, а производителите на алкохолни пијалоци се и сега се над просекот. Она што може да се забележи е дека тогаш градежништвото стоело многу полошо од сега. Имено, просечната нето-плата во овој сектор била 6.529 денари и била 74% од просечната нето-плата. Последните статистички податоци за октомври 2021 година, покажуваат дека сега просечната плата во градежништвото е 27.887 денари, што е 95,7% од републичкиот просек.
Секако, пред 25 години имаше поинаква сопственичка структура во државата, на пример, Електростопанство се уште не беше приватизирано и го има како посебен сектор за плати, а во меѓувреме се случи и една цела ИТ револуција, па согласно на тие потреби се промени „секторирањето“ од страна на Државниот звод за статистика. Сега веќе, посебно се издвојува компјутерското програмирање и таму просечната плата е 73.540 денари, што е два ипол пати повеќе од републичкиот просек. Може да се збаележи дека вакво отскокнување во однос на просекот пред две ипол децении немало, односно тогаш платите многу поблиску се движеле околу просекот. Инаку, пред една година просекот во компјутерско програмирање бил 66.831 денари, а во октомври 2019 – 60.899. Всушност, компјутерското програмирање како посебна статистичка ставка во секторот информации и комуникации може да се види во поново време.Секторот „информации и комуникации“ годинава избива на прво место по платите, а лани беше на второ.
Во 2005 година, пак ТОП 5 сектори по плати биле: „Финансиска дејност и осигурување“, „Информации и комуникации“, „Снабдување со електрична енергија, гас и пареа“, „Дејности со недвижен имот“ и „Други услужни дејности“. Ако се разгледа како потоа се позиционират платите во овие дејности, може да се види како во изминативе 16 години, дел од нив ја зачувале својата цврста позиција, а дел ги загубиле зарботките и станале зналително помалку атрактивни во однос на платите.
ТОП 5 највисоки плати во 2005 година и нивно позиционирање во наредниот период
Продолжи со читање на анализата на следниов линк: https://pari.com.mk/pari-analiza-kakvi-bile-platite-pred-25-godini-i-koi-najmnogu-porasnale/