fbpx
Вести

Калемен орев – во иста година садиш и береш

Сортите на ореви се разликуваат по родноста, квалитетот на плодот, отпорноста на температурна разлика и отпорноста кон разни видови болести и штетници.
Orev-24apteka-Makedonija

Кај оревот највпечатливо е различното цветање на машките и на женските гамети. Кај повеќето сорти зреењето на машките гамети е порано отколку кај женските, има помалку сорти кај кои женските гамети созреваат порано од машките, додека сортите каде што истовремено зреат и двете гамети се многу ретки. За рентабилно производство најважно е сортите да се со што пократка вегетација (подоцна да почнуваат, а порано да ја завршуваат вегетацијата), со што би ги избегнувале раните пролетни и есенски мразови. Одбраните сорти треба да се отпорни кон предизвикувачите на болести и кон штетниците. Квалитетот на плодот треба да биде екстра или прва класа.

Особено е важно одбраните copти меѓусебно добро да се опрашуваат и оплодуваат. Длабоко структурирани и растресити почви со поволен водно – воздушен режим и со добри хемиски и биолошки карактеристики се погодни за сите видови подлоги и сорти ореви. Типови почви на кои успева оревот се црна смолница во сите варијанти, алувијални почви богати со хумус, црница и песоклива. За плантажно и интензивно одгледување на оревот потребно е да се одберат длабоко пропустливи почви, со pH вредност 6,5 – 7,5. Кај нас оревот може да се одгледува до 1.200 метри надморска височина. Одгледувањето на оревот зависи од карактеристиките на сортата и од подлогата, од бујноста, особините на почвата каде што се сади, од климатските услови, начинот на обработка, од можностите за примена на механизација и др. Оревот треба да се сади на растојание доволно за негов пораст.

list-wild-walnut-leaves-orev-02

Инаку, калемените облагородени оревови садници даваат многу поголем принос, за разлика од некалемените. Од површина од еден хектар, петгодишни калемени ореви даваат од 1.500 до 2.800 килограми на хектар, во зависност од густината на садење, која се движи од 200 до 320 садници на еден хектар. Калемените сорти, исто така, се многу поотпорни на измрзнување. За нашите простори најпогодна е сортата чендлер.

walnuts-autumn-fruit-with-amazing-health-benefits2

Во Македонија оревот се одгледува стихијно со користење садници и селектирани ореви, кои даваат многу низок принос. Калемените ореви се употребуваат во мали насади и се уште немаме поголеми плантажи засадени со калемени ореви. Ова се должи на недостигот од знаење во делот на употребата на современи технологии во производството на садници орев. Во науката се појавуваат најразлични нови методи на калемење. Една од нив е на турскиот експерт Вели Ердоган од универзитетот во Анкара, која за разлика од класичните калемења, дава подобри резултати и целиот процес се забрзува за неколку пати.

Процесот трае само една година, од ‘ртење до подмладок. Овој калемен орев веќе во втората или третата година почнува да дава плодови, за разлика од некалемените ореви, кои почнуваат да раѓаат од осмата до триесеттата година од садењето.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close