fbpx
ВестиТоп вести

Стартува жетвата на житните култури

Комбајните влегоа во нивите, стартуваше жетвата на јачменот во Овчеполието, втората по големина житница во земјава. Приносите се рекордни од 3.000 до 5.000 килограми од хектар, а исто така и квалитетот е одличен на јачменот, кој е познат како храна за стоката. Во интерес на земјоделците, кои засега се соочуваат со ниска откупна цена од само шест денари за килограм, групацијата на одгледувачи на свињи донесе одлука оваа житна култура да ја откупуваат по 8 денари плус данокот.

Шаклев забележува дека оние кои што го произведуваат јачменот сигурно нема да бидат задоволни, но и оние кои што го откупуваат. Засега оваа цена е превисока за стиочарите, кои што во моментов едвај преживуваат од производство на млеко и месо.

Цената на пченицата се уште не е дефинирана, а проблемот се усложнува со најавата на мелчничарите дека нема да откупуваат домашна пченица поради евтиното српско брашно на пазарот. Тоа го доведува во прашање и складирањето на лебното зрно, што исто така може да влијае на откупната цена.


 

телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close