fbpx
Вести

Владата ќе ги преземе сите мерки за непречен откуп на земјоделските производи

proizvodi

Сите потребни мерки за непречен откуп, дистрибуција и заштита на домашното земјоделско производство, ќе бидат преземени, соопшти Министерството за земјоделство. Од таму уверуваат дека ги следат состојбите на терен, бербата, откупот, како и пласманот на земјоделските производи.

Деновиве тим од овој ресор се сретнал со производителите, откупувачите од земјава и од странство, независни земјоделски синдикати и здруженија, со цел да добие информации како се одвива откупот на градинарски производи од струмичкиот и тиквешкиот регион, каде во тек е бербата на праски, круши, кајсии, црешни и вишни.

Се потврди дека и оваа година ќе ги имаме истите проблеми, велат од Министерството, односно голем број откупувачи немаат стабилни партнери, кои согласно склучените предвремени договори, би имале динамика на прифаќање на земјоделските производи. Постојат и вештачки блокади од странски партнери, за што причина е неусогласеноста на цената при откупот.

Новата Влада ќе поттикне формирање на складишни капацитети и откупно дистрибутивни центри, со капацитет од повеќе од 5.000 тони и ќе поддржи иницијативи од индивидуални земјоделски стопанства за изградба на мали ладилници за чување земјоделски производи со капацитет од 500 тони. Од Министерството велат дека на овој начин земјоделците ќе ги одржат производите квалитетни, и ќе можат да постигнат повисока откупна цена.


 

телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close