Поледелско производство
Во средината на септември и на крајот на месецот настапува поволен период
за сеење на есенските посеви. Тече предсидбената подготовка на почвата и ѓубрење
на површините. Задолжително се врши деконтаминација на семето на есенските
посеви со препарати кои се на база на некоја од следните активни материи: тирам,
карбоксим, манкозеб и сл. Исто така треба да се обезбедат потребните хербициди во
зависност од степенот и видот на заплевеноста. По сеидба и пред никнување се врши
мапирање на плевелите и во зависност од заплевеленоста се употребуваат некои од
дозволените селективни хербициди, кои што најчесто се на база на активната
материја пендиметалин. Најрано започнува сеидбата на ржта, проследено со
тритикале, по што се продолжува со пченицата и јачменот.
Градинарско производство
Кон 10 септември се сее семето од зелена салата и салати кои ќе се
пресадуваат кон крајот на октомври и ноември. Во текот на месецот се сеат уште и
спанаќ, ротквици и магдоносот. Површините ослободени од зеленчук е добро да се
исчистат од растителни отпадоци и да се преораат.
Овоштарство
Во септември зреат есенските и зимските сорти круши и јаболка. Во овој
период гасениците на јаболковиот црв го напуштаат овошјето и ползат по гранките на
дрвото. Се заплеткуваат во кожурец, тие презимуваат под испуканата кора или во
почвата на длабочина 15 – 20 см. За ова во текот на месецот е подобро да се копа
околу дрвјата и да се исчисти старата испукана кора.
Лозарство
Септември е месец во кој што зреат повеќето сорти на грозје. Сортите за вино
се берат во технолошка зрелост, која треба да има одредени вредности на шеќерните
единици и киселоста на грозјето. Шеќерноста треба да биде не помала од 19%. За
висококвалитетните црвени вина е потребна шеќерност од 21% до 23%. За белите
трпезни вина е потребна 18 – 20% шеќер. Трпезно грозје се бере со не помалку од 15%
шеќер. Грозјето не треба да се бере при температури пониски од 14 и повисоки од 27 °
извор:АПРЗ