fbpx
Вести

Календар за сточари за декември

Во најстудениот период од годината обезбедете подобро затоплување на шталите.

Посветете внимание на хигиената во шталскиот објект. Секојдневно чистете ги животните и просториите во кои се наоѓаат животните.

Обрнете внимание на безбедноста на храната, не смее да биде мувлосана или на било каков начин контаминирана. Не се препорачува животните да се појат со студена вода.

Кога времето е потопло потребно е просториите да се проветруваат а животните да се пуштаат на отворено.

На живината покрај зрнестата храна се препорачува да им се даваат и натопени лисја, луцерка и детелина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close