вестиТоп вести

Kалифорниски црви за бизнис и за поздрава средина

Kакво значење ќе има одгледувањето калифорниски црви за земјоделството и стопанскиот раст во Република Македонија? Со одгледувањето на калифорниските црви се добива најквалитетното ѓубриво – хумус преку исхраната на црвите со арско ѓубре и сите отпадоци од органско потекло од индустријата и земјоделството.

kaliforniski crvi za biznis i za pozdrava sredina

 

Преку преработката (исхраната) на изметот од свињите и живината како и отпадоците од лозјата и овошките и картонската амбалажа, калифорниските црви придонесуваат за поздрава и почиста животна средина.

За одгледување калифорниски црви вложувањата се релативно мали во однос на добивката од нив. Добивката може слободно да се каже дека може да се мери само со добивката од електрониката. Ова е констатација на американски финансиски стручни лица.

Бидејќи калифорниските црви многу брзо се размножуваат (на секои три месеци леглата се дуплираат) и капиталот многу брзо се оплодува. Со евентуалното одгледување на калифорниски црви во сточарските фарми, на фармите во голема мера им се поправа финансиската положба. Одгледувањето ангажира многу малку работна сила.

Kалифорниските црви се одгледуват во таканаречени легла со димензии: должина 2 м, ширина 1 м и висина 0,35 м. Во едно легло се сместуваат 100.000 црви, 1/3 возрасни, 1/3 мали и 1/3 јајца од црви. Главен ограничувачки фактор за запирање на ширење на фармите за одгледување на калифорниски црви е ресурсот од арското ѓубре. Со прекратување на ширењето на фармата за одгледување на црви, фармерот црвите ги употребува како храна за стоката, наместо во легла за репродукција. Едно легло со црви годишно консумира еден тон прегорено арско ѓубре, а произведува 600 кг хумус и 120 кг црви за исхрана на стоката. Црвите се одлична храна за риби, живина и прашина, а преработени во фабрика како протеинско брашно се употребува во концентрат за исхрана на стоката.

Во табеларниот преглед со цифрите за полесно воочување на растот цела Р. Македонија е прикажан како да е една фарма за одгледување на калифорниски црви и ако тоа не е и не може да биде, бидејќи арското ѓубре не е на едно место и интересот на луѓето за одгледување на калифорниски црви е низ цела територија на Р. Македонија. Затоа со омасовувањето одгледување на калифорниски црви практично ќе се појават неколку илјади фарми (одгледувачи) во цела Р. Македонија од мали, средни до големи фарми. Бидејќи ќе се појават голем број одгледувачи, потребно е да се формираат фирми за опслужување на фармите за откуп и пласман на хумусот и црвите како месо и легла и снабдување на фармите со репроматеријал и опрема. Фирмите во прво време можеби е подобро да се државни или со мешан државно-приватен капитал.

Државата треба да преземе печатење материјал за едукација на заинтересираните како се одгледуваат црвите и како се употребува хумусот во земјоделството и што е неговата предност над шталското и вештачкото ѓубре.

Бидејќи поголемиот дел од хумусот (после петтата година од развојот е наменет за извоз, потребно е добро проучување на надворешниот пазар. Цената на надворешниот пазар на хумусот се движи ориентационо од 200 до 250 евра за еден тон, во зависност од квалитетот на хумусот. Во Р. Македонија можно е ориентационо да се оформат по петтата година од развојот 5 милиони легла, бидејќи се смета дека ориентационо има 5 милиони тони арско ѓубре и разни отпадоци од органско потекло.

Годишното производство по петтата година од развојот на хумус ќе изнесува 3 милиони тони. Ориентациското количество за домашна употреба во земјоделството би била еден милион, а остатокот од 2 милиона тона ќе биде наменет за извоз. Целата количина на црвите до петтата година од развојот ќе биде ангажирана за развој, а после петтата, количината на црви за месо ќе изнесува 600.000 тони и сета количина ќе се употребува за исхрана на стоката.

Добар извор за одгледување на црви и хумусот е печатената стручна литература на издавачката куќа „Нолит“ од Белград во 1984 г. Весникот „Аграр“ кој излегуваше пред неколку години имаше објавено дека цените во Европа се движат 200 -250 евра за 1 тон зависно од квалитетот, а цената на едно легло со црви се движело 50 евра.

Петтата година би ја завршиле со 5.000.000 легла и фактички добивта од 5 милиони легла ќе ја имаме од шестата година. Дуплирањето на леглата е на секои 3 месеци, освен трите зимски месеци кои се сметаат за непродуктивни. Првите две години од развојот не може да се очекува голем позитивен резултат. Третата, четвртата и петтата година има добар позитивен резултата, а најголем позитивен резултат е во големениот број на легла без да се ангажираат финансиски средства како за почетните 2.500 легла.

Најголем позитивен ефект од црвите ќе се добие во шестата година и сите наредни години бидејќи дотогаш голем дел од позитивниот резултат беше ангажиран во развојот односно зголемување на бројот на легла. Затоа Македонија треба повеќе да се сврти за ефектуирање на внатрешните ресурси.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close