
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Трипуновски – Наскоро реконструкција на системот за наводнување Страиште
Системот Страиште опфаќа 1 500 хектари во Валандово
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски објави дека остварил работна средба со претставниците од германската КФВ банка и Франк Милер, аташе за земјоделство во регионот при германската амбасада.
-На средбата претставниците од германската КФВ банка изразија задоволство од напредокот на проектот „Наводнување на Македонија“, по долгогодишен застој.
Набргу ќе се започне со реконструкција на системот Страиште, во насока на справување со предизвиците кои ги носат климатските промени, објави Трипуновски.
Системот Страиште опфаќа околу 1 500 хектари во Валандово.



