Агро бизнисВестиТоп вести

Маж од Дебреште фатен со крадени дрва направил инцидент, полицаец пукал во воздух

Уапсен е И.М.(68) од с.Дебреште фатен со бесправно сечени дрва

На 23.04.2026 во 15:00 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод на место викано „Барбарас“ во Македонски Брод го лишија од слобода И.М.(68) од с.Дебреште, општина Дебреште.  При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници забележале возило „рено” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., а во кое имало бесправно пресечена дрвна маса.  На даден знак да запре, возачот не ги почитувал дадените наредби и почнал со поголема брзина да се приближува до службеното возило на полициските службеници, при што еден полициски службеник со службеното оружје пукал во воздух. И.М. е приведен во ПС Македонски Брод и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани новости

Back to top button