Агро бизнисВестиТоп вести
За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време
Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи.
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.





