Каракашев-Откупните компании за тутун ја користат монополската позиција на штета на тутунарите
Официјално е потврдено дека откупот се одвива отежнато со масовен бојкот од тутунарите.
Почитувани тутунопроизводители
Денес и официјално добивме јавна потврда од страна на директорот на државниот инспекторат за земјоделие Јане Станковски дека нашите барања и сите досегашни укажувања се издржани и оправдани Официјално е потврдено дека откупот се одвива отежнато со масовен бојкот од тутунарите. Истовремено се посочува дека проблемот е во Законот за тутун. За потсетување на надлежните и пошироката јавност проблемите со тутунот почна со одлуката на Влада од 13.02.2019 год кога беше доставено до Собранието новото законско решение за тутун со кое целокупното одлучување за цените динамиката и критериумите се преминуват кај откупните фирми.
Со тоа дефакто и дејуре откупните фирми добија максимална монополистичка позиција на штета на тутунопроизводителите. Со новото законско решение по Член 13 и Член 14 на откупните фирми им се дозволува да одредуват цени и услови, а тутунопроизводителите се доведоа во уценета позиција земи или остави. Од правен аспект тоа е дискриминаторски закон и како таков е спротивен на Уставот и ние како Национална земјоделска мрежа ќе доставиме преставка до Уставен суд и ќе го оспориме посочениот закон. Во целост се согласуваме дека најитно ни е потребно ново законско решени за тутун во кое ќе влезат сите предлози од страна на тутунопроизводителите и ова култура ќе се доведе во економско одржлива гранка која ќе донесе континуитет но и економска рентабилност. Се друго е на штета на сите засегнати страни што ова година се докажа и на дело. Почитувани ние како Национална земјоделска мрежа и Тутунска надеж решително и истрајно се спротиставуваме на сите злоупотреби и манипулации врз, макотрпниот тутунарски труд и во иднина ќе продолжиме уште посложно и поорганизирано во тој правец.
Со почит Ѓорги Каракашев – претседател на Националната земјоделска мрежа