Каркашев-Откупните цени се на штета на земјоделците, а во корист на откупувачите
Државата не го стимулира домашното производство
Земјоделецот Ѓорги Каракашев од радовишкото село Ораовица е првиот претседател на новоформираната Национална земјоделска мрежа на Македонија (НЗММ). Тој, иако секој петок е на штипскиот пазар каде со сопругата продаваат своето производство, домати, пипер, краставици, овошје и друго спрема сезоната, сепак секојдневно е со проблемите на заемјоделците.
Каракашев за sdk.mk вели дека земјоделците се соочуваат со проблеми при нивната финална работа, пласманот на земјоделските производи и откупните цени што ги нудат откупувачите, за кои смета дека се погубни за сите земјоделци. За основниот земјоделец ситуацијата е уште полоша ако се земе предвид фактот што жешкото време го уништува родот уште на нивите.
„Откупувачите на големо диктираат цени кои се крајно неповолни за нас земјоделците.Тие ја собираат маржата и целиот профит е за нив, а земјоделците се во загуба. Овде на пазарот барем продаваме по нешто повисоки цени, но и тие се балансирани од наша страна затоа што ја знаеме куповната моќ на граѓаните. На пример, цената на доматите од 40 или 50 денари иако е повисока од откупната на големо, сепак и за нас е ниска и овде на пазар, но е врз основа на побарувачката и стандрадот на купувачите“, вели Каракашев и додава:
„Од една страна, државата во текот на оваа година досега веќе потрошила 800-900 милиони евра за храна од увоз, а до крајот на годината бројката ќе надмине над една милијарда. Од друга страна, нема никакви мерки за развој на домашното производство на храна што значи дека се повеќе и повеќе излегува во пресрет на трговците, увозниците и го штити нинниот профит“, вели Каракашев.
Целиот текст на sdk.mk