Ќе бидат исплатени и млекарите кои поради проблеми во апликацијата не добија субвенции за 2019
Мал дел од млекарите не се исплатени поради неточни трансакциски сметки, поради тоа што биле должници за вода, пашарина, или кои биле предмет на контрола на терен.
Зелена берза со прашање до Платежната агенција
-Субвенции чекаат и одгледувачите на крави за производство на предадено млеко, кога да ги очекуваат?
Одговор-
Пред околу 2 месеци или кон крај на 2020 година, исплативме 377 милиони денари за втора и трета фаза произведено и предадено млеко со што практично целосно ја затворивме исплатата за произведено и предадено млеко по Програма 2019 година. Има само мал дел на апликанти кои не се исплатени поради неточни трансакциски сметки, поради тоа што биле должници за вода, пашарина, или кои биле предмет на контрола на терен. Штом се регулираат и овие ќе бидат доисплатени. Апликациите како и за останатите мерки за основната мерка се обработуваат додека за произведено и предадено млеко исплатата се врши по фази и има временски период за предавање на млеко.
А.Б