fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ќе нема турски домати во Македонија, се очекува поскапување

Побарувачката е голема и поскапувањето на доматите е неминовно, барем додека не се појават производите од градините на домашните пазари. Најверојатно, доколку продолжи недостигот, просечната цена на доматите до Велигден ќе се зголемува.

За да се обезбеди сигурност на храната по трагичниот земјотрес и да се стабилизираат цените, турското Министерство за земјоделство го забрани извозот на домати до 14 април. Забраната стапи во сила веднаш и така во пракса околу 70 отсто од увозот на домати во регионот е стопиран.

Побарувачката е голема и поскапувањето на доматите е неминовно, барем додека не се појават производите од градините на домашните пазари. Најверојатно, доколку продолжи недостигот, просечната цена на доматите до Велигден ќе се зголемува.

Аналитичарите на EastFruit велат дека одлуката на турската влада ќе има големо влијание врз пазарот на домати во земјите кои зависат од турскиот увоз уште оваа и следната недела. Пред се, тоа се Украина, Молдавија, Грузија, Романија и уште неколку земји од регионот.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close