fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Ќе растат цените на нафтата и на пченицата

 

Во 2020 година се очекува повисоко ниво на цената на нафтата како резултат на засилените геополитички тензии на Блискиот Исток, најавите за потпишување на првата фаза од трговскиот договор меѓу САД и Кина, како и одлуката на земјите-членки на ОПЕК плус за дополнително намалување на дневното производство на нафта

Годинава се очекува раст на цените на нафтата, на бакарот, како и на пченицата на глобално ниво, поради што Народната банка во својот најнов преглед на тековната состојба ги оценува овие фактори како потенцијални ризици, кои можат да влијаат и врз економскиот развој во земјава.
– Во 2019 година, цената на нафтата оствари пад од речиси 5 отсто во однос на претходната година. За 2020 година, според најновите оцени, се очекува повисоко ниво на цената на нафтата, односно значително помал пад на цената во споредба со октомвриските оцени, како резултат на засилените геополитички тензии на Блискиот Исток, најавите за потпишување на првата фаза од трговскиот договор помеѓу САД и Кина, како и одлуката на земјите-членки на ОПЕК плус за дополнително намалување на дневното производство на нафта – појаснуваат во својот извештај од Народна банка.

Во извештајот, меѓу другото, се наведува дека во 2020 година се очекува цената на никелот да оствари значително помал раст во однос на очекувањата од октомври, во услови на пониска побарувачка поради забавувањето на растот на Кина и повисока понуда поради продолжување на производството од суспендираните рудници во Филипини, со што делумно би се неутрализирал ефектот од забраната за извоз на никел од страна на Индонезија.
И цената на бакарот во 2020 година ќе порасне, иако се намалени трговските тензии помеѓу САД и Кина, но поради намалени резерви се преземени мерки од страна на Кина за поддршка на растот. Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Извор: Новамакедонија.мк

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close