fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Како да се ослободите од овошните муви  без инсектициди

 

Нема многу непријатни ситуации, како на пример кога орда од овошни мушички зујат низ вашата куќа, особено за време на летната сезона. Покрај тоа што се вознемирувачки, тие се носители на разни болести, а исто така предизвикуваат значителни штети во овоштарниците и овошјето во дворот, предизвикувајќи и ширејќи инфекција на овошјето. Овошните муви најчесто напаѓаат праски, круши и смокви, но и другите овошја не се поштедени.

Заразата на плодот  се појавува во форма на дамка што го опкружува местото на убодот. Со текот на времето, се шири, а плодот почнува да гние, поради што овошјето прерано паѓа од дрвото.

Постојат неколку ефективни начини да се справите со овие инсекти, како во куќата, така и во овоштарниците или во дворот, пред да стигнете до инсектициди.

Замка  од оцет

Направете свои замки  со оцет. Белиот оцет, како и јаболков оцет, се ефикасни против овошните мушички, чии возрасни единки не можат да одолеат на нивниот мирис. Сè што ви треба е исечено пластично шише, оцет, детергент за садови и конец за да го обесите шишето на дрво.

Лепливи жолти ленти

На подрачјето каде што се забележани мушички, закачете лепливи жолти ленти што можат да се купат во земјоделските аптеки. Бојата и мирисот на овие жолти замки  се создадени за привлекување разни штетни инсекти, вклучително и мушички.

Собирање на заразено овошје

Заразата може да се намали со собирање и уништување на заразеното овошје, што е многу ефикасна техника и една од важните мерки за заштита, особено во помалите овоштарници.

Употреба на хидроген во одводите

Нема да избркате овошни муви ако се ослободите само од возрасните единки. Ако вашиот овоштарник е до вашата куќа, важно е да го третирате местото каде што се размножуваат, а едно од најчестите места се септички јами, кујнски цевки или од бањата. Се препорачува да се прелива хидроген пероксид низ одводите.

Растворот се прави со мешање на еден дел хидроген пероксид и четири делови вода. Бидете упорни и истурете го овој раствор во цевките еднаш дневно, се додека видливо не се намали бројот на овошни мушички.

Колку долго мушичките можат да живеат без храна?

Добрата вест е дека овие инсекти не може да живеат долго без храна, затоа што има краток животен циклус. Може да преживее без храна три до четири дена и затоа е многу важно да се отстрани секој извор, дури и најмалиот, особено во куќата, како што е преостаната храна и презреаното  овошје.

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close