fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ќе се блокираат сметките на компаниите кои не платиле данок на солидарност

Рокот истече пред една недела, а досега новиот т.н Солидарен данок го платиле 2/3 од компаниите опфатени со законот.

На останатите 50-тина компнаии, УЈП следните денови ќе им достави опомени, најави директорката Сања Лукаревска и предупреди дека доколку следните недели не го платат данокот, сметките ќе им бидат блокирани на 24 ноември.

– Бидејќи рокот беше до 25 октомври, за сите кои немаат направено плаќање на данокот на солидарност ќе се преземат мерки согласно со Законот за даночна постапка. На 6 ноември веќе ќе ги доставиме опомените, доколку и по тоа немаат направено уплата на 24 ноември, веќе ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки. Ние согласно законот за даночна постапка не би можеле да ги објавиме сите оние компании којшто се должници по основ на данокот на солидарност , меѓутоа да има и јавни претрпијатија кој сеуште го немаат исплатено долгот,- изјави Сања Лукаревска.

Законот за данок на солидарност беше донесен од Собранието на 19 септември и ги опфаќа компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра и профит поголем за 20 отсто од просекот во претходните три години и тој износ се оданочува со стапка од 30 отсто. Тој наиде на остри реакции кај бизнис заедницата, а од Стопанската комора се најде и пред Уставен суд.

– Ќе го видиме известувањето од уставниот суд како би било па понатаму ќе видиме како ќе постапуваме.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close