fbpx
ВестиМакедонија

Ќе се бришат каматите на долговите кон јавните претпријатија – засега тука не се вклучени ЕВН и БЕГ

Главнината, пак, која ја должат повеќе од три месеци, граѓаните ќе можат да ја плаќаат на 12 рати

Една од мерките од петтиот пакет мерки е бришење на каматите на долговите што граѓаните ги имаат кон јавните претпријатија.

Со оваа мерка не се опфатени каматите на долговите кон приватните компании како што се ЕВН и БЕГ кои даваат јавни услуги, но премиерот Заев ги повика и нив доколку се во можност, да се приклучат кон оваа акција. Мерката предвидува, преку законски измени, јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија на државно ниво, Управата за јавни приходи и други јавни институции, како и општините, да ги избришат целосно каматите на долговите на граѓаните. Тоа се однесува за сите физички лица во земјава.

Главнината, пак, која ја должат повеќе од три месеци, граѓаните ќе можат да ја плаќаат на 12 рати.

Како што објасни Заев, мерката за репрограмирањето ќе се направи преку објава на јавен повик во траење од пет месеци, период во кој граѓаните ќе можат да го побараат тоа. За спроведуваање на оваа мерка ќе се интервенира во Законот за трговски друштва со што сите оние институции и претпријатија кои ќе ја избришат каматата, нема да плаќаат данок на добивка на избришаните камати.https://360stepeni.mk/ke-se-brishat-kamatite-na-dolgovite-kon-javnite-pretprijatija-zasega-tuka-ne-se-vklucheni-evn-i-beg/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close