fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ќе се конфискува имот над 30 000 евра чие потекло не може да се докаже, најави Николовски

Најавата за носењето Закон за потекло на имот ВМРО-ДПМНЕ ја нарече лицемерна обвинувајќи дека не се отвораат истраги за имотите на актуелните функционери, а од СДСМ, пак, велат оти опозицијата се плаши зашто законското решение ќе се однесува и на поранешни функционери

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, најави дека ќе има конфискација на имот над 30 000 евра чие потекло не може да се докаже. Тоа е предвидено во драфт-верзијата на Законот за потекло на имот, која е готова и ќе биде испратена и до Венецијанската комисија.

Законот нема да опфаќа само функционери туку ќе се однесува на сите граѓани.

„Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра“,

рече Николовски во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија, што ја организираше УНДП и Министерството за финансии.

На неговата изјава реагираше ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека носењето на ваков закон е лицемерие со оглед дека обвинителствата не отвораат истраги за имотот на функционерите.

„Функционерите на СДСМ неколкукратно го зголемија својот имот во изминативе 4 години, и тоа за многу повеќе од 30.000 евра. За голем број од нив ЈО иако има докази во изобилство не отвора истрага. Со Заев ништо нема да се смени ниту со таканаречениот закон за потекло на имот. Потребно е Заев да падне за да има правдина“,

велат од опозициската партија.

Од СДСМ, пак, реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја нарекоа нервозна бидејќи, според социјалдемократите, опозицијата се плажи од овој закон зашто освен актуелни ќе бидат опфатени и поранешни државни функционери.https://360stepeni.mk/ke-se-konfiskuva-imot-nad-30-000-evra-chie-poteklo-ne-mozhe-da-se-dokazhe-najavi-nikolovski/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close