![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/272939880_10222548861322688_2776944505390723691_n_800x532-780x470.jpg)
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес особено претпладне ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20л/м2)
За изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд наврна во Крива Паланка 16 л/м². Снежна покривка во (cm) до 07 часот: 40 Маврови Анови, Попова Шапка, 12 Крушево.
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес особено претпладне ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег. Од недела до среда по котлините ќе има услови за појава на магла.