fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ќе се менуваат условите за субвенции во земјоделството

Основната цел поради која се предлага изменување на Законот за земјоделство и рурален развој е со цел интеграција на аплицирањето за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој кај еден орган во државната управа, олеснување на функционирањето на системите за аплицирање за финансиска подршка со цел намалување на административните процедури и намалување на можноста за грешки во системот.

Во рамки на 50-тата седница, пратенците ја завршија расправата за Предлог-законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање. Гласањето ќе биде дополнително закажано.

Според предлагачот, основната цел поради која се предлага изменување на Законот за земјоделство и рурален развој е со цел интеграција на аплицирањето за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој кај еден орган во државната управа, олеснување на функционирањето на системите за аплицирање за финансиска подршка со цел намалување на административните процедури и намалување на можноста за грешки во системот.

Пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ забележа дека покрај позитивните работи од измените и дополнувањето на законот и придобивките од дигитализацијата, спорно е што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе нема доволно контрола врз системите.

– Добро е што постапката за добивање на субвенции, ќе биде поедноставена, ќе биде дигитализирана. Тоа е апсолутно за поддржување. Секое поедноставување на процесите им е потребно на граѓаните, во оваа ситуација на земјоделците. Но, мене ми пречи една работа, а тоа е што Министерството за земјоделство ќе нема контрола врз системите. Ја препушта својата контрола на орган кој е на многу пониско ниво. Главните системи мора да бидат под капа на ресорното Министерство – смета Трајанов.

Според него, ако министерството има целосна контрола врз системите, тоа ќе може да следи што се случува со распределбата на субвенциите.

По завршувањето на расправата за измени и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, претседателот на Собранието Талат Џафери закажа продолжение на 54 седница за денес  во 12 часот.https://plusinfo.mk/sobranieto-a-zavrshi-raspravata-za-dva-predlog-zakoni-e-se-menuvaat-uslovite-za-avno-privatno-partnerstvo-i-za-subvencii-vo-zem-odelstvoto/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close