fbpx
ВестиТоп вести

Килограм јагоди и цреши на пазарите се продаваат по цена како килограм месо

Еден килограм јагоди на пазарите граѓаните плаќаат и до 150 денари. Во зависност од пазарите, цените се различни, но никаде јагодине не се нудат за помалку од 120 денари.

За разлика од јагодите, црешите се продаваат по цена од 100 денари.

-Овие две овошја ги има само овој период, затоа и се скапи. Сите сакаат да купат за дома, за своите најмил, но не, секој може да издвои толку пари за овошје, кога за истите пари можеш да купиш месо, вели Велика од Скопје.

Споредбата на цените на овошјето и зеленчукот покажува дека најскапо плаќаат граѓаните што купуваат на пазарите во Тафталиџе и Буњаковец, додека Бит-пазар и Зелено пазарче си конкурираат со пониски цени, со таа разлика што Бит-пазар нуди поголем квалитет и избор. Тезгаџиите признаваат дека голема улога во формирање на цените има стандардот на граѓаните, односно ако во околината живеат побогати муштерии растат и цените.

-Цените во Тафталиџе се да паднеш во несвест, да влезеш и да бегаш, ова е најбогата населба, сите што имаат добри работните места тука живеат. Одам овде на пазар бидејќи и јас тука живеам и иако одвај преживувам морам да плаќам скапо. Според мене Зелен пазар е најевтин  вели К. Ј., жител на Тафталиџе.

Цените на Зелено пазарче се пристојни, но во вторник и петок има голема навалица од пензионери и тезгаџиите драстично ги зголемуваат цените, вели Светлана која живее во близина на пазарчето.

Неколку фактори влијаат при формирање на цената, велат од Здружението на тезгаџиите.

Цените се формираат според стандардот на купувачите, односно нивната економска моќ. Цената, секако, зависи и од добавувачите од кои се купува на големо ако кај нив расте цената, расте и на пазарите.

 


 

skopjeinfo.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close