вестиМакедонијаТоп вести

Кина драстично ќе ги зголеми царините за австралиско вино

Кина од утре ќе ги зголеми царините за увоз на вино од Австралија на 212 проценти, јави Би-Би-Си.

Министерството за трговија на Кина соопшти дека ова се привремени антидампинг мерки за да се запрат субвенционираните вина од Австралија.

Царинските давачки за виното ќе се зголемат од 107 на 212 проценти, а Министерството не прецизираше колку мерките ќе останат во сила.

Официјални лица во Кина тврдат дека некои австралиски вина во оваа земја се продаваат по цена што не ги покрива трошоците за производство (дампинг) благодарение на субвенциите. Сиднеј ги негираше обвинувањата.

Австралискиот министер за земјоделство Дејвид Литлпрауд на Твитер напиша дека Владата е многу разочарана од ваквиот потег на Кина.

– Владата категорично ги одбива обвинувањата за дампинг на наши вина во Кина, истакна тој.

Слични написи

Back to top button
Close