fbpx
Вести

Kинезите се нудат да ја купат целата српска пченица

Според процената на новосадската „Житоунија“, годинашната жетва на пченица во Србија е завршена на поголеми површини од лани и се очекува дека од 595.000 хектари ќе се добијат вкупно 2.885.000 тони житарки. Овој род и резервите ќе и овозможат на Србија во следната година да може да извезе 1.435.000 тони пченица, вели Бранислав Гулан, член на Академскиот одбор за село на Српската академија на науки (САНУ).

kinezite se nudat da ja kupat celata srpska pchenica

 

Особен интерес за да ги купи српските пазарни вишоци пченица покажала Kина, а оваа земја е подготвена во следните 10 до 20 години однапред да го финансира производството на пченицата во Србија, јави агенцијата „Танјуг“.

Србија на крајот на годинашната жетва имаше почетна резерва од 300.000 тони, па сега располага со 3.185.000 тони пченица. Според процените, српските земјоделци за семе треба да остават 150.000 тони, потребите на мелниците изнесуваат 1.200.000 тони, а за сточна храна се доволни околу 200.000 тони.

– Новата жетва во 2017 година треба да ја дочекаме со резерви од најмалку 200.000 тони. Инаку, во жетвата учествуваа 25.000 комбајни и околу 408.000 трактори, но земјоделците не се задоволни од откупната цена на пченицата, која е многу пониска од таа на пченката, што ретко се случува – вели Гулан.

Шефот на одделот за растително производство при Министерството за земјоделство на Србија, Милан Чуприќ изјави дека процените на експертите се дека приносите од годинашниот род се поголеми отколку што покажуваат официјалните податоци.

– Приносот е рекорден, за 20 отсто поголем од лани. Жетвата е завршена. Неожнеани останаа само мали површини на поголеми надморски височини. Просечниот принос на пченично зрно по хектар изнесува 4,8 тони- рече Чуприќ.

Актуелната цена за килограм изнесува 15 динари, па меѓу земјоделците кружи препорака пченицата да се остави во амбарите се додека цената не се зголеми. Според пресметките на Здружениот сојуз на Војводина, трошокот за производство на килограм пченица изнесува околу 20 денари, па земјоделците би заработиле само ако им се плати по 22 динари за килограм, додава Гулан.

Тој смета дека ако државата откупи дел од родот за стокови резерви и тоа околу 200.000 тони по цена од 17 денари за килограм, тогаш тоа би влијаело смирувачки на пазарот.

Српската пченица и брашно во изминативе години најмногу се извезуваа во Македонија, Босна и Херцеговина, Италија, Албанија, Хрватска и во Словенија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close