fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Кои се новите директори на „Жито Караорман“

Конечно се дозна кој ќе раководи со млинско-пекарската компанија „Жито Караорман“, откако нејзиниот, сега доминантен сопственик, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво.

Конечно се дозна кој ќе раководи со млинско-пекарската компанија „Жито Караорман“, откако нејзиниот, сега доминантен сопственик, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво.

Вчера се одржа Собранието на акционери, а требаше оваа седница да заврши, па да се дознае кои се предлозите на новиот доминантен сопственик за тоа кој ќе раководи со компанијата во наредните години, односно кој ќе ги заземе челните директорски места. Имено, по завршувањето на Собранието на акционери од компанијата пратија известување дека стариот Одбор на директори се разрешува, а на нивно место се именуваат нови директори на компанијата.

Инаку, од поодамна се знаеше и беше најавена на седницата на Собранието на акционери, односно беше ставено како предлог одлука разрешување на досегашниот менаџерски тим, но не се знаеја имињата на новите директори, кои станаа познати после вчерашната седница на Собранието на акционери.

Сега веќе е јасно дека е разрешен досегашниот одбор на директори, во состав од Марјан Максимоски, Софронија Миладиноски, како и Слободан Јовески.

„Се разрешуваат досегашните членови на Одборот на директори, Марјан Максимоски, поднесена оставка, Софронија Миладиноски, како и Слободан Јовески“, се вели во донесената одлука на Собранието на акционери.

А, еве кој ќе дојде на нивно место, сега веќе мистеријата е симната од новиот менаџерски тим. 

Од Одлуката на Собранието на акционери може да се види дека единствен човек што останува од досегашниот одбор на директори е Слободан Јовески, кој всушност ќе биде извршен член на одборот, што би значело дека ќе биде генерален извршен директор.

Други двајца неизвршни директори се Зоран Паневски и Арбиан Бајрами.

„Се именуваат нови членови во Одборот на директори на МПИ Жито Караорман Кичево, и тоа Зоран Паневски, неизвршен член, Арбиан Бајрами, неизвршен член и Слободан Јовески, извршен член на одборот на директори“, се вели во одлуката која ја донеле акционерите.

На седницата Собранието ја одобрило и усвоило и Годишната сметка за минатата година, потоа Финансискиот извештај за 2022 година, за усвојување на извештајот од независниот ревизор, како и за Одобрување на работата на Одборот на директори.

Акционерите донеле одлука и добивката остварена во минатата година да се употреби за покривање на загуби од минатите години. Повеќе на https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close