Кој доби 500.000 евра државна помош и направи профит од 542.000 евра?
Комбинатот „Гоце Делчев“ (ГД) – Тиквеш лани од извоз на трпезно грозје и вино оствари 3,5 милиони евра приходи и оствари добивка од 542.000 евра. Лани компанијата доби субвенции од 500.000 евра за справување со последици од корона кризата пишува Фактор.
Комбинатот „Гоце Делчев“ (ГД) – Тиквеш лани од извоз на трпезно грозје и вино оствари 3,5 милиони евра приходи и оствари добивка од 542.000 евра. Лани компанијата доби субвенции од 500.000 евра за справување со последици од корона кризата пишува Фактор.
Најголемата домашна компанија за производство на трпезно грозје и на вински сорти лани извезе грозје и вино за 3,5 милиони евра,покажуваат официјалните податоци од консолидираниот биланс на успех на земјоделскиот комбинат „Гоце Делчев“ ГД – Тиквеш со седиште во кавадаречкото село Возарци.
Ова друштво управува над 1.000 хектари земјоделско земјиште од кое над 550 хектари се лозови насади со вински сорти. Околу 250 хектари се насади со трпезни сорти грозје што „ГД Тиквеш“ го прави најголем производител на грозје во земјава. Лани компанијата, чиј доминантен сопственик е кавадарчанецот Ристо Милев, оствари вкупни приходи од продажба во износ од 4,4 милиони евра. Од тоа продажбата на домашниот пазар изнесува 884.000 евра, а над 3,5 милиони евра се од извоз на трпезно грозје и на вино. Вкупните приходи на групата фирми предводени од ГД Тиквеш лани се 5,1 милиони евра.
Во споредба со 2019 година лани приходите од продажба се намалени за 18 отсто, а тоа според образложението на компанијата се должи на послабиот квалитет на грозје во ланската берба, а и на пониските цени за откуп на грозјето што компанијата ги доби од своите партнери – винарии.
Останатите приходи на ГД Тиквеш лани надминаа 754.000 евра. Од тие пари државна помош за поддршка во справувањето со ковид последиците се околу половина милион евра, пишува во образложението на компанијата кон финансиските извештаи.
При тоа друштвото има намалени вкупни трошоци, а исто така и намалени расходи за вработените за 4 отсто лани во споредба со 2019 година. Лани вкупните трошоци за вработените изнесуваат 1,3 милиони евра. Вкупните оперативни расходи на компанијата се 4,7 милиони евра, а оперативната добивка изнесува 652.000 евра.
Нето добивката на друштвото лани е 542.000 евра и тоа е за 26 отсто послаб резултат од 2019 година.
Акцијата на ГД Тиквеш книговодствено вреди над 7.200 денари, а последната пазарна цена била 157 денари! Таа цена е постигната на 16 март лани кога биле истргувани 280 акции. Во акционерската структура суверен е Ристо Милев кој поседува 82 отсто од акциите со право на глас. Други 522 акционери – домашни физички лица делат околу 15 отсто од акциите со право на глас.https://faktor.mk/koj-dobi-500000-evra-drzavna-pomosh-i-napravi-profit-od-542000-evra