fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Мразот значително ги оштети овошките

Во Србија-Мразот најмногу ги оштети сливите, црешите, црешите и крушите, а снегот ги скрши младите ластарчиња малини. Тој оцени дека е уништен родот од 230.000 до 250.000 тони и дека доколку нема нови временски проблеми, годинашниот род би можел да биде на ниво од ланскиот просек од околу 1.250.000 тони.

Мразот и снегот во голема мера го оштетија овошјето во некои региони на Србија, така што прогнозата за рекордна година нема да се оствари, изјави Зоран Кесеровиќ, професор на Земјоделскиот факултет во Нови Сад. Тој за Бета, рече дека температурата деновиве во некои делови од земјава паднала и до минус пет-шест Целзиусови степени.

Најоштетено овошје има во Шумадија и западна Србија, околу 30 отсто, а тоа се регионите каде се произведува околу 40 отсто од вкупниот овошен род“, рече Кесеровиќ. Додаде дека многу настрадале и овошјето околу Суботица и црешите во Мерошина, а најдобро „поминала“ регионот на Фрушка Гора.

Кесеровиќ рече дека најмногу настрадало плодот што рано процвета и дека е интересно што во изминатите години најмногу беа погодени кајсиите што рано цветаа, а годинава повеќе беа оштетени кајсиите што цветаат подоцна.

https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close