Кока-кола нема да ги исфрли пластичните шишиња за еднократна употреба, затоа што потрошувачите сè уште сакаат да ги користат.
„Потрошувачите ги сакаат пластичните шишиња затоа што се практични, можат да се затворат и се лесни“, изјави за Би-би-си Беа Перез, шефица за еколошка одржливост во компанијата Кока-Кола.
Оваа компанија, која е една од најголемите производители на пластичен отпад, вети дека ќе ги рециклира сите пластични шишиња што ќе ги користи до 2030 година.
Меѓутоа, борците за животна средина тврдат дека многу шишиња сепак ќе завршат во депониите.
Овој гигант за пијалаци произведува околу три милиони тони пластична амбалажа годишно, што изнесува 200.000 шишиња во минута.
Во 2019 година, хуманитарната организација „ Ослободете се од пластика“ (Break Free from Plastic) ја прогласи Кока-Кола за најголем загадувач меѓу брендовите.
Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Беа Перез рече дека компанијата сфатила дека отсега треба да биде „дел од решението“ на проблемот.
Кока-кола се обврза во своите амбалажи до 2030 година да користи најмалку 50% рециклиран материјал. Таа исто така најави соработка со невладини организации ширум светот за да се подобри собирањето на шишињата.
Сепак, Беа Перез истакнува дека компанијата не може целосно да се откаже од пластиката – како што сакаат некои активисти, бидејќи тоа значително би ја намалило продажбата, рече таа. Целиот текст прочитајте го ТУКА.