вести

Поднесување барања за субвенции за предадено млеко до 15 јуни

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека е во тек поднесување барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од 1 јануари до 30 април 2015 година. Како што соопштуваат од Агенцијата, висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 отсто за млеко кое е произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.

2588776

 

Млекопроизводителите може да ги поднесат барањата до 15 јуни 2015 година во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство. Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close