fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Колку ќе поскапи свежото свинско месо? – прашање за фармерите

Домашните преработувачи не сакаат да шпекулираат со бројки, но потврдуваат дека ќе има поскапување

Домашните преработувачи не сакаат да шпекулираат колку ќе поскапи свежото свинско месо, но потврдуваат дека неговата цена секако ќе се зголеми. И додека од свињарските фарми во Србија проценуваат дека цената на свинското месо до Нова година ќе стигне до 500 денари за килограм, поради повисоките цени и во Европа и намалената понуда Гоце Трајчев, генерален директор на МИК Свети Николе и претседател на Групацијата на преработувачи при СКСМ, вели дека фармерите ќе излезат со свои калкулации.

– Свинското свежо месо ќе поскапи, но за колку е најдобро да ги прашате фармерите. Досега обезбедувавме повеќе од 90 отсто од потребите за домашниот пазар, па дури остануваше нешто и за извоз. Одгледувачите досега добро се држеа во однос на африканската чума, со зголемено почитување на безбедносните мерки. Но, чумата царува во Европа, па тоа ќе се рефлектира и врз месото за преработка. Оваа болест не е опасна за здравјето на луѓето, но нанесува огромни економски штети – појасни Трајчев.

Од друга страна, преработувачите имаат пад на прометот меѓу 20 и 30 отсто, бидејќи упорно не се решава нивното барање за бесцарински увоз на месни суровини. Затоа и не можат да се борат со увозните салами што слободно влегуваат во земјава со „0“ отсто царина.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close