Компанија од Луксембург ќе собира отпад во 48 општини за најмалку 14 милиони евра годишно
Инвеститорот од Луксембург нуди 336 милиони евра за изградба на плазма за согорување, односно за производство на енергија од отпад
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, претставувајќи инвестиционен план, кажа дека инвеститор од Луксембург побарал да селектира и да преработува отпад од комуналните претпријатија во Македонија.
– Инвеститорот од Луксембург нуди 336 милиони евра за изградба на плазма за согорување, односно за производство на енергија од отпад. Тука се вклучени и 100 комунални возила за смет, 11 претоварни станици , 6.000 комунални контејнери и 5 километри патна делница, откри Заев.
Компанија ќе покрива 74 проценти од површината на Македонија а ќе опфаќа 48 општини.
– Комуналните претпријатија ќе имаат обврска да плаќаат по 20 евра по тон за депонирање на сметот. Ќе се собираат помеѓу 700.000 и еден милион тони годишно смет, најави Заев.https://faktor.mk/zaev-kompanija-od-luksemburg-kje-sobira-otpad-vo-48-opshtini-za-najmalku-14-milioni-evra-godishno