вестиМакедонијаТоп вести

Компостот ќе ги замени вештачките ѓубрива за прихрана на земјоделските посеви

Прашање на време е кога земјоделците ќе започнат со примената на био-еколошкото ѓубриво-компост на нивите што ги обработуваат и придобивките кои се очекуваат за кои стручните лица велат дека ќе бидат повеќекратни, пред се од економска гледна точка.

 

Штипскиот  универзитет „Гоце Делчев“ веќе трета година работи на проект-Примена на системи-Плаќај колку што создаваш отпад и Самостојни единици за компостирање на територијата на  општина Пробиштип кој е заеднички проект со државите Кипар и Грција.

-Целта е да се придонесе населението и стопанските субјекти кои што создаваат отпад  да ја применат одредбата од директивата бр. 8/98 во однос на ограничувањата на количествата на органски отпад кои треба да завршат на депонија. Со таа директива е наложено, на депониите да не завршува помалку од 10%  неселектиран отпад,  што значи се налага потребата да се изврши селекција  и  избор  на видот на отпадот  на место каде што се создава, рече за „Зелена берза“  Васко Златковски, советник за наука. Тој образложи дека ако едно домаќинство секојдневно создава  разновиден  вид на отпад,  дел од тоа може да биде повторно употребено, а тоа е најчесто органскиот отпад  како што се  остатоци од храна. Доколку  домаќинството  има дворно место со  косење на трева создава  органски  отпадоци  и  сето тоа може да биде повторно употребено и да се добие еден квалитетен производ како што е органскиот компост за кој од неговата примена  бенефит ќе имаат земјоделците со  ѓубрење на посевите.

-Ако фрлиме било кој вид на цврста храна  во процесот на распаѓање кое трае некаде околу четириесет  дена, потоа дозрева уште дополнителни 40, излегува органски материјал познат како компост кој во земјоделството се употребува за ѓубрење на почвата. Со ова ја намалуваме употребата на вештачките ѓубрива кои покрај полезноста  имаат  негативна особина, а тоа е да го намалуваат количеството на органска материја во почвата  што од друга страна повлекува осиромашување на микро-флората и микро-фауната  кои што вршат дополнително распаѓање  и разложување  на органските молекули  до фаза да можат растенијата да ги користат, вели Златковски.

Од тука  смета тој бенефитот  е двоен, бидејќи не се загадува животната средина, а со добивањето на органскиот компост  се создаваат  можности да се намали употребата на минералните ѓубрива  и да се зголеми употребата на компостот  како додатоци на хранливи материи на растенијата  што ќе придонесе  да се  зголеми количината  на органската материја во почвата, која  во голема  мера ќе ги забрза микробиолошките  процеси во самата почва.

Корона кризата го одложи проектот

Реализацијата  на проектот  досега во два наврати се пролонгира, прво лани во септември, сега поради корона кризата.

-Проектот требаше да се реализира до септември лани, но поради проблемите околу набавките  на основните средства тоа се самостојните компостерски единици, се продолжи до мај, но поради  настаната состојба со коронавирусот  побаравме дозвола за уште едно продолжување  до септември 2020 година. За потребите на главниот корисник на општина Пробиштип набавени се две компостерски единици, инсталирани се, и веќе  е почнато нивното искористување, вели Златковски.

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип партнер  во проектот

Златковски  истакнува   дека Универзитетот  е вклучен во  четири  работни пакети   од кои првите два се однесуваат  на димензионирање на  методите  за  избор на  месното население, видот на опремата како и обука на населението и на  Јавното комунално претпријатие  за начинот на  користење на опремата. За оваа фаза истакнува дека е  завршена и дека  општината Пробиштип  ја има  набавено   соодветната опрема- самостојната  компостерска единица и надграденото  возилото  за изнесување  на  отпадот. За постапката  за добивање на  компостот  додава  дека се  набавени  80 садови од  80 литри,  два контејнери  со капацитет од  1.100 литри и  80 литарски   садови  за собирање на отпад од домаќинствата.  Универзитетот треба да  изработи  две анализи-економска  и еколошка, за ефектите од проектот од кои  што ќе  произлезат  две студии  со добиените   резултати  за тоа, дали  се намалени количините  на отпад  кои  што треба да  завршуваат на депонија.

За неселектиран отпад ќе се плаќаат повисоки сметки

-Важно е да знаеме како постапката  ќе се рефлектира врз економскиот ефект за  населението бидејќи да потсетиме, ако не селектираме нужно ќе ни дојдат повисоки сметки.  Ако досега комуналните претпријатија наплаќаа  по метар квадратен износ за изнесување на смет,  веќе по добивањето на новата опрема  која што  треба да пристигне и со започнувањето  со работа на Регионалната депонија тоа веќе нема да можат да го прават односно ќе имаат друга цена за депонирање. Доколку во садот се најде вид на отпад кој не треба да се најде,  цената ќе расте, нагласува Златковски.

Намалување на загадувањето

-Органскиот отпад при своето распаѓање  емитува стакленички гасови  претежно метан  CO2. Второ, ќе го спречиме излевањето на течностите кои се слеваат  при процесот на распаѓање, а кои вршат загадување на почвата и под почвените  води со што ќе придонесеме да го намалиме двојно загадувањето на  атмосферата и околната средина вели Златковски.

Јулија Малинова

Слични написи

Back to top button
Close