Концесија за рекреативен риболов
Концесиите за организирање на рекреативен риболов на 20 зони што опфаќаат делови од Реките Вардар и Црна и акомулациите Матка и Липково се доделуваат за период од шест години.
Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица кои имаат право да конкурират за повеќе места.
Покрај другите документи потребно е да се достави и доказ дека барателот ја има потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и дека ќе вработи соодветен број лица за заштита на рибите или најмалку 50 членови доколку се работи за риболовно здружение.
Критериум според кој ќе се изврши изборот е највисокиот понуден надоместок на електронското наддавање.
Надоместокот за концесија за рекреативен риболов е најмалку 10 проценти од вредноста на издадените дозволи на годишно ниво.
Краен рок за поднесување на понудите е 28 март 2018 година.