Конопот денес е 10 пати појак од оној пред 50 години
Неговата психоактивна моќ и онаа на неговите производи, како што е марихуаната, расте, а со тоа се зголемуваат и можните несакани ефекти.
Колкава е јачината на конопот што се консумира денес наспроти оној што се пушел пред неколку децении? Ова, навидум наивно прашање, е извор на речиси сите главоболки за регулаторите кои се занимаваат со одобрување на еден куп производи-деривати од ова растение но и со првите обиди за легализација на т.н. “рекреативно” консумирање марихуана. A одговорот којшто го посочува една интересна статија неодамна објавена во New Scientist баш и нема многу да им се допадне. Имено, канабисот денес е многу помоќен. Неговата психоактивна моќ и онаа на неговите производи, како што е марихуаната, расте, а со тоа се зголемуваат и можните несакани ефекти.
Едно од најобемните истражувања на оваа тема неодамна беше спроведено од страна на Програмата за следење на јачината, проект предводен од Националниот институт за злоупотреба на дроги во САД, при Универзитетот во Мисисипи. Од добиените податоци произлегува дека содржината на THC (делта-9-тетрахидроканабинол) – психотропна супстанција присутна во канабисот, во текот на последните 50 години се зголемила за повеќе од 10 пати. Едно друго истражување од 2020 година, кое вршело проценка на јачината на марихуаната во САД, Велика Британија, Холандија, Франција, Данска и Нов Зеланд, покажало дека во периодот од 1970 до 2017 година, концентрациите на THC во исушените соцветија на растенијата канабис се зголемувале за 0,29% по година. Повеќе на https://emiter.com.mk/