fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски: Нема недостаток на храна и енергенси

Цените на храната и горивата дополнително покачија по укинувањето на антикризните мерки кои стапија во сила во март, а со кои се намали ДДВ-то за основните производи за исхрана од 5 на 0 отсто, се намали акцизата и ДДВ за горивата, а Владата на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10 отсто за одредени производи.

Нема потреба од активирање на стоковите резерви бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Тој посочи дека во моментов има непречено снабдување со нафтени деривати од од солунското пристаниште, при што потенцираше дека во над 70 проценти се работи за нафта која не е од руско, туку од друго потекло.

Во однос на храната пак премиерот истакна дека се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги има државата и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Додаде дека нема недостаток на храна бидејќи обезбеден е непречен проток на прехранбени производи преку соседите Албанија, Грција и Србија.

За цените на производите во малопродажбата, премиерот информираше дека е запознаен со одредени злоупотреби и оти нема да дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи.

Цените на храната и горивата дополнително покачија по укинувањето на антикризните мерки кои стапија во сила во март, а со кои се намали ДДВ-то за основните производи за исхрана од 5 на 0 отсто, се намали акцизата и ДДВ за горивата, а Владата на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10 отсто за одредени производи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close