Цените на угостителските услуги се зголемени

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2018)

hrana

Цените на угостителските услуги во јануари годинава споредено со декември лани се зголемени за 0,2 процента, а за 1,1 процент споредено со јануари  минатата година, објави  Државниот завод за статистика. 

Споредено по групи на услуги, во јануари годинава споредено со декември 2017  има зголемување за 0,2 процента во групите „храна“, „безалкохолни пијалаци“ за 0,1 процент и „ноќевања“ за 0,3 проценти, а во групата „алкохолни пијалаци намалување“ за 0,4 проценти.