fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски најавува поефикасна прераспределба и побрза исплата на субвенциите за земјоделците

Напоменувам дека со новиот модел не е предвидено намалување на средствата наменети за земјоделците, туку нивна поефикасна прераспределба, побрза исплата, што значи планско и одржливо производство, од што бенефит ќе имаат и земјоделците и државата.

Буџетот за 2023 година е мој прв буџет како премиер и лично ќе се залагам да покаже резултати, да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата, порачува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

На прашањето за промените во начинот на субвенционирање на земјоделците премиерот вели дека за следната година го имаме најголемиот буџет за земјоделство со кој се реализира најголемата земјоделска реформа за промена на моделот за субвенционирање.

Ова е прашањето и одговорот дадени за МИА

Предвидувањата се дека светот ќе се соочи со недостиг на храна. Како Владата го менувате моделот на субвенционирање во земјоделството и фокусот го ставате на одгледување на стратешките култури со цел да го намалите увозот. Кога може да ги очекуваме првите резултати од овој нов модел на субвенционирање?

– Обезбедувањето на одржливо и зголемено производство на домашна храна е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме ние како држава, и целиот свет. Економско-енергетската криза покажа колку е важно да имаме домашно производство на храна, и нормално дека како Влада секојдневно ги следиме случувањата на глобално ниво на оваа тема, и навремено преземаме мерки како сегмент во целокупната стратешка политика што ја спроведуваме заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Таа стратегија вклучува и капитални инвестиции, на кои изминативе пет години ставивме силен фокус, а веќе следната 2023 година завршува изградбата на браната Конско во вредност од 40 милиони евра. Во 2023 година завршува и изградбата на хидросистемот Равен-Речица во вредност од 15 милиони евра, а продолжува изградбата на браната Речани, како и изградбата на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Река Вардар, започнува изградбата на браната на река Слупчанска, но и уште други капитални инвестиции.

Во стратегијата е и Националниот план за производство на храна во кој што е вклучена и Интервентната програма во вредност од 900 милиони денари. Тоа се мерки за помош на земјоделците, мерки насочени кон стратешките производи пченица, пченка, сончоглед, месо, односно главните суровини за производство на основните прехранбени производи.

За следната година го имаме најголемиот буџет за земјоделство со кој се реализира најголемата земјоделска реформа за промена на моделот за субвенционирање. Тоа се околу 193 милиони евра што е зголемување за 45 милиони евра споредено со 2022. Најголем дел од средствата односно 140 милиони евра се алоцирани во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од кои 114 милиони евра се наменети за исплата на субвенциите и спроведување на најголемата реформа во земјоделството.

Со новиот „decoupling систем“, земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите, која што ќе им биде исплатена во тековната година кога конкурирале за субвенцијата, односно тогаш кога им се најпотребни пари за да можат да ја започнат новата реколта, но и да имаат одржливо земјоделско производство со што ги мотивираме земјоделците да произведат повеќе храна. Дополнителна поддршка добиваат оние земјоделци кои ќе се насочат кон производство на стратешките култури, со користење на сертифицирано семе, а дополнителна поддршка е предвидено и за земјоделците кои од своето производство создаваат финален производ за продажба.

Оваа година беше како пилот проект и се применуваше за овоштарството, а веќе од следната година се опфатени сите земјоделски гранки. Напоменувам дека со новиот модел не е предвидено намалување на средствата наменети за земјоделците, туку нивна поефикасна прераспределба, побрза исплата, што значи планско и одржливо производство, од што бенефит ќе имаат и земјоделците и државата.

Во однос на ефектите од новиот модел, треба да се има предвид дека е врзан со производство на храна, исплатата е авансна во тековната година, во некои гранки првите резултати ќе ги имаме уште следната година, но во некои сектори после две години, се во зависност од земјоделската култура. На пример, кај сончогледот, со мерката за вештачко ѓубриво што се донесе пролетоска, уште годинава имаше пораст на производството на сончоглед.https://nezavisen.mk/kovachevski-od-budzhetot-ochekuvam-rezultati-i-kje-insistiram-da-gi-ima/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close