fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кравите помалку испуштаат метан кога подригнуваат ако јадат морска храна

Нов Зеланд предложи да се воведе оданочување на фармерите поради емисиите на гасови, кои настануваат при уринирањето и подригнувањето на нивниот добиток. Ова ќе биде првата држава во која земјоделците ќе плаќаат за емисиите во некоја форма, почнувајќи најдоцна во 2025 година.

Кравите, козите, елените, испуштаат метан кога нивниот стомак вари тешки влакна, како што е тревата.

При тој процес на ферментација настанува метан, а најголемата количина од овој гас ја исфрлаат со подригнување.

Универзитетските истражувања покажаа дека би можело да дојде до значително намалување на емисиите на метан доколку кравите се хранат со морски треви.

Стартапот Rumin8 од Перт работи на додаток во исхраната, синтетички производ од црвени алги кој го спречува создавањето на метан.

Собрале 12 милиони американски долари во кампања за собирање средства со помош на компанијата Breakthrough Energy Ventures, која Гејтс ја купил во 2015 година, објави оваа австралиска компанија.

Во стартапот инвестирале и извршниот директор на Amazon, Џеф Безос и Џек Ма, кинески бизнисмен и основач на Alibaba.

-Многу сме задоволни од поддршката на фондовите за климатски промени ширум светот. Постои вистинска желба да се финансираат решенија за намалување на емисиите на метан од сточарството и, за среќа на Rumin8, инвеститорите ја гледаат користа во нашата технологија – изјави Дејвид Месина, директор на стартапот Rumin8.

Во октомври минатата година, со цел позитивно да се влијае врз климатските промени, Нов Зеланд предложи да се воведе оданочување на фармерите поради емисиите на гасови, кои настануваат при уринирањето и подригнувањето на нивниот добиток.

Ова ќе биде првата држава во која земјоделците ќе плаќаат за емисиите во некоја форма, почнувајќи најдоцна во 2025 година.https://www.brif.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close