fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Kризата ќе ги вивне до плафон цените на вештачките губрива

Во македонските земјоделски аптеки се продаваат грчки, бугарски, унгарски, хрватски ѓубрива, но за нив суровини се набавуваат од Русија.

Војната во Украина ќе ги зголеми цените на вештачките ѓубрива, кои се неопходни за земјоделското производство.

Во македонските земјоделски аптеки се продаваат грчки, бугарски, унгарски, хрватски ѓубрива, но за нив суровини се набавуваат од Русија. Оваа земја е позната по извозот на ѓубрива со амониум нитрат. Санкциите воведени за Русија поради војната во Украина, ќе удрат и по „џебот“ на македонските земјоделци. Од земјоделските аптеки велат дека ѓубривата кои се продавале по 400 денари, сега чинат 1.200 денари.

„Русија е една од најголемите, ако не и најголем извозник на амониум нитрат во светот. Кризата во Украина ќе има многу големо влијание врз нас. Без ѓубрива не може да успее ни пченица, ниту ништо друго. Зелката од струмичко се извезуваше во Украина, но сега е можно производството да пропадне“, велат од струмичка земјоделска аптека.

Но, сопстевниците на земјоделските аптеки нагласуваат дека и цените на енергенсите ќе придонесат за покачување на цените на ѓубривата. Дополнително, за производство на ѓубривата е потребен и квалитетниот белоруски калиум, а Белорусија се вмеша во војната со тоа што од нејзина територија беа гаѓани цели во Украина, и за неа ЕУ воведе санкции.

„Очекувам дека за 50 отсто ќе скокнат цените на ѓубривата, а кога тоа ќе се случи, зависи од тоа кога војната ќе заврши. За земјоделците ќе биде многу тешко, и ќе заработи само тој што ќе има пари да вложи“, додаваат од друга земјоделска аптека во Струмица.

Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион вели дека и оваа година ќе биде тешка за земјоделците.

„Првиот проблем со кој ќе се соочат земјоделците ќе бидат климатските промени, втор проблем ќе бидат азотните ѓубрива, трет проблем најверојатно ќе има потешкотии со пласманот поради војната во Украина, и четврт проблем е тоа што површините ќе се намалат. Две години за сите стопански гранки имаше мерки поради ковид. Раноградинарите имаат многу трошоци за производство. Државата треба да си преземе мерки, да излезе во пресрет и почесто да има средби со земјоделците“, рече Велков.

Пред извесно време, земјоделците се жалеа на скапи репроматеријали, а новото поскапување за нив ќе биде неиздржливо.

Откако Русија почна инвазија на Украина, САД и ЕУ против неа воведоа серија санкции.

Дипломатите на Европската Унија одобрија нови санкции против Белорусија поради нејзината поддршка во руската инвазија на Украина. Санкциите особено ќе влијаат на некои економски сектори, оние поврзани со дрвото, челикот и калиумот.https://faktor.mk/ukrainskata-kriza-kje-gi-vivne-do-plafon-cenite-na-veshtachkite-gubriva

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close