fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Чување на кромидот во зимски услови

КРОМИДОТ може добро да се сочува и складира, ако вадењето биде во вистинското време или кога ќе ја достигне полната зрелост.

Во таков случај постојат стандарди за квалитет со чија примена се постигнува најдобар ефект. Така, во текот на вадењето мора да биде потполно зрел и потребно е надворешните листови да бидат суви за да во текот на чувањето не дојде до промена на бојата на месестиот дел.

При вадењето мора да се изврши сортирање, т.е. издвојување на ситните главици, оштетените, примеси од земја, грутки. Потоа се полни во вреќи, картонски кутии, контејнери итн. Складирањето и чувањето на кромидот е со цел да се продолжи периодот на чување и да се минимизира загубата.

Постојат нормативи кои ги одредуваат параметрите за чување – температурата, релативната влажност и времетраењето.

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close