Агро бизнисБез категоријаВести
Курбанот годинава достигна и до 250 евра за грло
Цената е диктирана и од фактот што годинава беше забележливо дека немаше животни за курбан на пазарите
Верниците од муслиманска вероисповед денеска го празнуваат празникот Кубран бајрам, кога, според традицијата, секое семејство коле курбан (овца или јагне). Но, годинава, цената на курбанот отиде до плафон, достигнувајќи и до 250 евра за грло, па, за многумина, беше невозможно да се купи. Велат дека цената е превисока за стандардот на граѓаните во земјава.
– За тој што има пари е евтино, но за нас што сме со ниски плати е скапо. Со платата што ја земам, не можам леб да си купам, а камоли курбан – рече еден посетител на пазарот во Тетово.
Можеби, цената е диктирана и од фактот што годинава беше забележливо дека немаше животни за курбан на пазарите. Продавачите велат дека одгледувањето овци не е лесна работа, објави vecer.press