fbpx
ВестиТоп вести

Сеење на расад за производство на пиперки

 

 

 

Припремата за сеење на расадот за производство на пиперки започнува со припрема на земјиштето кое е посебно одбрано за таа цел. Најпрво се започнува со правилно формирање на леи, кои што ги овозможуваат факторите на влага, правилна исхрана, заштита од штетници и соодветна температура за правилно развивање на расадот, како и негово навремено созревање.

Следна постапка е запрашување на леите со инсектицид против коњоштип и други штетници кои претставуваат опасност за расадот. Исто така и врз семето од избраната сорта на пиперки кое се сее врз леите треба да биде извршена постапката на дезинфекција со пестицид со широк спектар на делување кое што му пружа основна заштита од габични и други болести. После извршеното сеење семето се посипува со ровка земја или песок. Пожелно е во овој момент да се изврши и прихранување со ситно органско ѓубриво (гној) доколку истото се поседува.

Крајната операција е покривање на леите со фолија. Наводнување треба да се врши секои 2-3 денови за расадот успешно и навремено да созрее.

 

Игор Петровски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close