fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Лажни обвинувања, со лажни договори од Цветан Трипуновски

Министерството за земјоделие возвраќа

Реакција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во врска со прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Најосторо ги осудувам изнесените дезинформации и невистини од страна на Цветан Трипуновски и опозициската ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. За волја на вистината, пред јавноста сме должни да бидеме транспарентни и отворени, а ги повикувам претставниците на ДПМНЕ во иднина да ги проверуваат фактите кои што ги изнесуваат во јавноста. Имено, се работи за Договори за закуп на земјоделско земјиште во кои е доделено земјиште по јавен повик 01/21, кој што јавен повик со решение донесено од страна на министерот е поништен. Договорите до кои било дојдено не се изготвени од страна на надлежниот сектор, не се согласно пропишаните критериуми за подготовка на договори за закуп на земјоделско земјиште и иститите се со архивски броеви кои се фиктивни и не постојат во архивата на министерството, а кај истите е евидентно дека не се потпишани лично од страна на министерот, ниту пак е употребен факсимил за нивно потпишување. Воедно сакам да потенцирам дека договорот кој што беше предмет на денешната прес конференција на Цветан Трипуновски не е заведен во архивата на министерството, ниту пак изработен од страна на надлежниот сектор, за што Општина Бутел е известена со допис број 39-7227/2 од 04.08.2022. Овој договор, доколку постои треба да биде предмет на постапките што се водат пред надлежните истражни органи бидејќи очигледно истиот е фалсификат.

Во поглед на изнесените дезинформации, сакам јавно да демантирам дека уште на 27 октомври 2021 година, по добиено сознание, од тогашниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, поднесена е кривична пријава до ОЈО Скопје против непознат сторител и одговорни лица во МЗШВ за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување – фалсификување на службена исправа. Во текот на 2022 година се добиени нови сознанија за постоење на други сомнителни договори кај кои е очигледна злоупотребата на моето лично име во својство на министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. После прибавување на овие договори, првенствено во месец април 2022 година, беше поднесена Кривична пријава до Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје и дополнување на кривичната пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Вториот пријавување се случи на ден 01.11.2022 година до СВР Скопје.

Во оваа прилика сакам да потенцирам дека службите на министерството будно ги следат сите неправилности во врска со појавувањето на лажни договори за закуп и навремено ги известуваме надлежните органи заради понатамошно истражување и поведување на соодветни постапки.

На крајот би сакал уште еднаш да ги потсетам претставниците на ВМРО ДПМНЕ пред објавување на вакви дезинформации детално да го проверат изворот и валидноста на истите и сакам уште денес да се одважат и да излезат на прес конференција и да упатат јавно извинување до мене, како министер, до земјоделците и до целата јавност. Во спротивно, ќе ги употребам сите законски можности за покренување на соодветна постапка за изнесување на лаги и невистини во јавноста.

Ги повикувам земјоделците да бидат сигурни во институциите на системот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи согласно Законот и позитивните законски прописи, едиствениот начин на добивање на земја под закуп е согласно одредбите од Законот за земјоделското земјиште. Сакам да им порачам да бидат внимателни во вакви ситуации и да не подлегнуваат на понуди од лица кои нудат земјоделско земјиште во државна сопственост на брз начин и без спроведување на постапки пропишани со закон за змејоделско земјиште, туку за сите информации да се обратат до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и истите да ги пријавуваат до надлежните институции за истражување на овие кривични дејствија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close