fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Левица: Владата и Министерството за земјоделство да прогласат елементарна непогода од суша

Последниве два месеци, Македонија се соочува со екстремни суши, невидени долги години наназад, кои придонесоа до огромни штети во земјоделието, а посебно во лозарството.

Последниве два месеци, Македонија се соочува со екстремни суши, невидени долги години наназад, кои придонесоа до огромни штети во земјоделието, а посебно во лозарството.

Земјоделците кои мака мачат со пласманот на своите производи и ниските цени, а од друга страна високите трошоци за производство, оваа година се соочија и со природниот фактор.

За да им се излезе во пресрет на земјоделците и овоштарите, Левица повикува Владата и МЗШВ да усвојат сет од мерки, кои ќе им ги ублажат последиците на земјоделците од сушата, која директно допринесе за намалување на производството на храна.

1. Прогласување на елементарна непогода од суша;

2. Формирање на комисии во подрачните единици на МЗШВ за проценка на штетите од сушата;

3. Подрачните единици на МЗШВ во соработка и координација со водните заедници, јавните претпријатија кои стопанисуваат со водните ресурси и земјоделските здруженија да направат план како да се интервенира на местата каде што нема вода или е недоволна нејзината количина;

4. Намалување на цената на водата за наводнување, а кај земјоделците што имаат 100% штети, целосно ослободување од плаќање;

5. Користење на цистерните на комуналните претпријатија за наводнување;

6. Запирање со работа на малите хидроцентрали кои се наоѓаат на реки во критично сушни подрачја, и максимално користење на водата за наводнување во земјоделието;

7. Забрана за градење на мали хидроцентрали;

8. Чистење и редовно одржување на системите за водоснабдување;

9. Одземање на концесиите на системите за водоснабдување на приватните фирми кои вршат застои и нередовно снабдување со вода;

10. Субвенции за набавување на модерни системи за водоснабдување како кап по кап и вградување на водомери;

11. Изработка на стратегии за водоснабдување преку среднорочни и долгорочни планови, бидејќи глобалното затоплување и климатските промени во иднина ќе предизвикуваат се почести суши кои ќе влијаат врз земјоделското производство, а со тоа и на цената на храната.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close