fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

Kомпанијата започна проект за промоција на македонски традиционални производи, како ајвар, пастмајлија

Во октомври 2023 година, компанијата започна проект за промоција на македонски традиционални производи, како ајвар, пастмајлија, …

Над 130 македонски компании се сретнаа со германскиот трговски синџир Лидл за можностите за соработка во однос на изградбата на логистичко-дистрибутивен центар во Куманово.

Во соопштението за медиумите, компанијата соопшти дека ваквата соработка со локалните компании е една од нивните фундаментални појдовни точки во секоја земја каде што тие работат.

Менаџерот за набавки во Лидл- Македонија, Стефан Георгиев, вели дека основната идеја на Лидл во секоја земја во која работи е развој на локални производствени капацитети и заеднички раст и развој со локални партнери.

Иако Лидл – Македонија се уште не е целосно оперативен, Георгиев наведува дека процесот веќе функционира. Во октомври 2023 година, компанијата започна проект за промоција на македонски традиционални производи, како што се ајвар, пастмајлија, ориз одгледуван во Кочани, јагнешко месо и слично во Лидл Србија и Лидл Бугарија.

„Извозот што ќе се реализира преку Лидл – Македонија до крајот на 2024 година само во овие две земји ќе изнесува повеќе од 2 милиони евра или четири пати повеќе во споредба со претходната година. Македонското овошје и зеленчук веќе се достапни за потрошувачите во Србија, Бугарија, Романија, Полска, Чешка, Словачка и Германија, а од април 2023 година до март 2024 година се извезени повеќе од 3.600 кутии овошје и зеленчук.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close