Лимитот за Мој ДДВ е 2.100 денари за тромесечје-повеќе пари кај граѓаните
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица со кои лимитот за поврат на ДДВ кај граѓаните од 1.800 се зголемува на 2.100 денари по тромесечје.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица со кои лимитот за поврат на ДДВ кај граѓаните од 1.800 се зголемува на 2.100 денари по тромесечје. Тоа значи дека секој поединец во текот на годината може да оствари поврат на ДДВ од најмногу 8.400 денари.
Корисниците на апликацијата МојДДВ, чиј број постојано расте и се искачи на над 520.000, зголемените суми ќе ги добијат на своите сметки во мај, за периодот јануари – март 2023 година.
За три години преку оваа мерка кај граѓаните се вратени 4,2 милијарди денари или околу 68,3 милиони евра.
Тоа значи дека секоја година над 22 милиони евра завршуваат директно кај граѓаните.Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати во борбата против сивата економија, но и за зајакнување на стандардот на граѓаните, што е особено добредојдено во време на светска економска криза.