вестиВидео/интервјуаМакедонијаСовети

Лозарите ги поставија откупните лимити на годинешниот род

Годинава производителите на грозjе очекуваат да биде плодна и да даде добар и квалитетен род.

Најмалку 11 денари за килограм „Смедеревка“ и 13 денари за „Вранец“. Ова се дел од барањата на лозарите од тиквешијата кои ги презентираше Здружението „Напредни лозари“ од Кавадарци.

Меѓу другото тие побараа и дополнителни субвенции од државата, и дообјаснија дека овие цени се однесуваат на род со 17 единици шеќер кај „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Според нивното барање како расте шеќерноста, така да растат и цените.

Годинава производителите на грозле очекуваат да биде плодна и да даде добар и квалитетен род.

Лозарите велат дека Короната ги попречила во дел од активностите, но сепак тие работат на утврдување на потребите од грозје кај винарските визби и други откупувачи, а ги разгледуваат и можностите за извоз на грозје.

За вечер е закажан состанок во мал состав за сите отворени прашања околу производството и пласманот на грозјето од годинашната реколта.

извор:Слободенпечат

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close