fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Лукаревска: СДСМ е сојузник и партнер на земјоделците

Од година во година ги зголемуваме субвенциите за „македонското жолто злато“ – тутунот и откупните цени се највисоки досега.

СДСМ е сојузник и партнер на земјоделците, силно ги поддржуваме и ги почитуваме, рече заменик претседателката Сања Лукаревска, денеска на трибината „Решенија што прават разлика“ во Струмица.

-Од година во година ги зголемуваме субвенциите за „македонското жолто злато“ – тутунот и откупните цени се највисоки досега. Винарството и лозарството се исто така сектори со висок приоритет за нас. За лозарите се подготвува нов модел на субвенционирање од 100 процентна корист за секој лозар за да се сочува бројот на лозови насади и да се подобри квалитетот. Ние сме мала земја која минатата година беше на 15-тото место во светот по девизен прилив од извоз на вино. Тој прилив од година во година е сè поголем. Со искрениот партнерски однос со лозарите и со винариите, во буџетот и пред време се враќа секој денар даден како поддршка. Таа поддршка од СДСМ секогаш ќе ја имаат особено сега кога ширум се отвораат портите на големиот европски пазар, рече Лукаревска.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close